Профил

Профил

Совршената точка за средби во Солун за сите оние кои се вљубеници во стилот и рафинираноста е Диамандис.

Продавницата е една од најпознатите брендови во модниот свет во Солун од 1964. Денес, бизнисот го водат децата на основачот на претпријатието, Анастасија и Александрос. Во нивната луксузна, стилска продавница ќе ги најдете брендовите на најпознатите европски модни куќи.

Продавницата за машка облека Диамандис може да ги задоволи сите вкусови во машката мода, со голема колекција елегантни, рачно изработени костуми, за свечени прилики и за секојдневна употреба.

Со најширокиот избор во спортските колекции, модерни брендови и најпознатите модни имиња во светот, како на пример Brioni, PalZileri, Billionaire, Ravazzolo, Versace Collection, Corneliani, Messori, Lagerfeld, Cortigiani и Galliano, Диамандис нуди многубројни, неочекувани комбинации што ја воздигнуваат машката облека.

И за најважниот ден од вашиот живот, за денот на вашата свадба, ќе ве восхити нашиот избор од одлично скроени и сошиени по мерка костуми од исклучителни материјали, што ги прави секогаш актуелни!

Ексклузивно во Диамандис, исто така ќе ги најдете неопходните додатоци и обувки од модните куќи Роберто Ботичели и Фаби, за да го дополнат вашиот изглед во сите прилики.

Треба да спомнеме дека претпријатието има своја шивачки оддел и доколку ви се потребни измени вашата облека да изгледа перфектно, тие промени можете да ги направите кај шивачот. Искусниот шивач во одделот ќе ги направи сите потребни измени за да ги задоволи потребите на облеката и вкусот и на најизбирливите клиенти.

Безвременска елеганција!